Дома Фудбал Италија Директорот на Јувентус проговори за трансферите на Рамзи и Мбапе

Директорот на Јувентус проговори за трансферите на Рамзи и Мбапе

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи зборуваше за евентуалните трансфери на Арон Рамзи и Килијан Мбапе.

„Се надевам дека оваа сезона ќе биде успешна барем како последните седум. Приоритет оваа сезона ни е Лигата на шампиони и сметаме дека сме конкурентни да го освоиме тој трофеј. Имавме одличен тим, но со доаѓањето на Роналдо квалитетот додатно се зголеми“, изјави Паратичи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рамзи? Тоје фантастичен играч. Многу ми се допаѓа, неговиот договот истекува на крајот на сезоната, а ние секогаш сме внимателни со можностите кои ги нуди трансфер пазарот. Па можам да кажам дека сме заинтересирани за Рамзи“, призна Паратичи.

Мбапе? Тоа е фантазија. Фантазирањето понекогаш помага, но ќе биде екстремно тешко да го доведеме во Јувентус“, изјави спортскиот директор на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…