Дома Македонски спорт Директорот на Шалке потврди: Немаме пари да го откупиме Чурлинов

Директорот на Шалке потврди: Немаме пари да го откупиме Чурлинов

Иако и Шалке има желба да ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов како што има и тој, сепак тоа најверојатно нема да се случи.

Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер потврди дека клубот во овој момент нема пари да ја плати сумата од три милиони евра колку што бара Штутгарт за откуп на договорот на Македонецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го почитуваме Дарко, а мислам дека и неговата почит кон Шалке е голема. Сепак во овој момент Штутгарт е негов тим и ние немаме пари да го откупиме“, изјави Шредер.

Шалке се обидува и да договори нова позајмица, но засега преговорите тешко одат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…