Генералниот директор на Милан, Марко Фасоне во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за финансиската ситуација во клубот како и за плановите во иднина.
Фасоне изјави дека финансиската ситуација во клубот е стабилна и дека „росонерите“ немаат намера да ги продаваат ѕвездите од тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Притоа најави две-три големи засилувања кои ќе пристигнат на „Сан Сиро“ ова лето.
„Милан нема финансиски проблеми и немаме потреба да ги продаваме напите најдобри фудбалери. Донарума останува сигурно и уште долги години ќе биде прв голман на Милан. Тој е еден од нашите најважните фудбалери на кои ќе ја градиме иднината“, изјави Фасоне.
„Милантото лето донесовме многу засилувања и скоро сите се покажаа во добро светло. Сега имаме солидна база и планот е да донесеме две-три големи засилувања на местата каде што сметаме дека е потребно. Некои фудбалери кои не добиваат голема минутажа можат да бидат продадени“, истакна директорот на „росонерите“.
Фасоне исто така потврди дека клубот на комерцијален план е многу успешен и само во последната година потпипале 7 нови спонзорски договори. Притоа, откри дека Милан интензивно работи на изградба на нов стадион.