Дома Трансфер зона Директори на Интер пристигнаа во Мадрид да преговараат за двајца „кралеви“

Директори на Интер пристигнаа во Мадрид да преговараат за двајца „кралеви“

Интер е силно заинтересиран за двајцата фудбалери на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ и Лукас Васкез, пренесуваат италијанските медиуми.

„Тутоспорт“ пренесува дека директорите на миланскиот гигант, Марота и Аусилио, веќе отпатувале во Мадрид каде ќе започнат преговори со Реал.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Ковачиќ последната сезона играше како позајмен играч во Челзи, а „сините“ исто така сакаат да го задржат, но се очекува одлука на новиот тренер.

Неговата цена во моментов изнесува 35 милиони евра, исто колку што Реал му плати на Интер во 2015 година за неговиот потпис.

Конте смета дека Хрватот би бил идеално засилување за средниот ред и замена за Наинголан, кој е на излезна врата од „Џузепе Меаца“.

Притоа, новиот тренер на „нероаѕурите“ го сака и Лукас Васкез, кој е на излезна врата од Реал Мадрид, а неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …