Дома Останати Димитров најдобар спортист на Балканот

Димитров најдобар спортист на Балканот

Тенисерот Григор Димитров е избран за најдобар спортист на Балканот во 2017 година во анкетата на Бугарската национална агенција (БТА).

Во гласањето за најдобар спортист на Балканот, кој го организира БТА, учествуваат најголемите агенции од регионот. Димитров во 2017 година освои три титули, меѓу кои и најзначајна е онаа на завршниот мастерс во Лондон и годината ја заврши на третото место на АТП-листата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Димитров доби 62 гласа, три повеќе од романската тенисерка Симона Халеп, која годината кај дамите ја заврши како број 1.

Трет е светскиот првак на 200 метри, Турчинот Рамил Гулиев, а зад него следуваат грчката атлетичарка Катерина Стефаниди и минатогодишната добитничка на наградата Сандра Перковиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ го „запали“ Инстаграм – подготвува лудо шоу со Кристијано Роналдо?! (Фото)

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и привлече огромно внимание објавув…