Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски стигна до 100 натпревари во дресот на Рајо Ваљекано откако во 2018 година од Гимнастик Тарагона се пресели во мадритскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Димитриевски оваа сезона брани во одлична форма, тој е еден од тројцата најдобри голмани според бројот на одбранети удари.
„Овој тим ми овозможи да го остварам сонот. Сакав да играм во Ла Лига и таа шанса ја добив тука, со Рајо видов што значи да се игра во елитата. Клубот прекрасно ме дочека и уживам во него. Затоа сум уште посреќен за овие 100 натпревари и за мене тоа е едно големо остварување во кариерата. Се надевам дека ќе одиграм уште 100 натпревари во овој дрес, сконцентриран сум и посветен на тимот“, изјави Димитриевски.