Дома Фудбал Димитриевски во една категорија се уште е на врвот на Европското првенство

Димитриевски во една категорија се уште е на врвот на Европското првенство

Македонскиот голман Столе Димитриевски веројатно беше најдобриот поединец на Македонија на дебитантскиот настап на Европското првенство.

Димитриевски во секој натпревар имаше по неколку одлични интервенции, а одбрани и пенал. По една статистичка категорија Димитриевски се уште е на врвот.

Имено, девет пати нашиот голман расчиствуваше опасност при некое нафрлување на топката. Кога не можеше да ја фати топката тој ја „боксираше“ далеку од казнетиот простор.

Зад Димитриевски е англискот голман Џордан Пикфорд кого го очекува и финалето во недела со пет исфрлања.

Треба да споменеме и дека Димитриевски е еден од шестте голмани кој може да се пофали со одбранет пенал. Останатите се Бушчан, Дубравка, Храдецки, Лорис и Шмајхел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Џејми Карагер повторно ја отвори темата за иднината на Унаи Емери, откако неговите претход…