Дома Фудбал Останато Директорот на ПСЖ: Јасно е дека имаме проблем со Нејмар!

Директорот на ПСЖ: Јасно е дека имаме проблем со Нејмар!

Леонардо, спортскиот директор на ПСЖ, во разговор за „RMC Sport“ зборуваше за ситуацијата со Нејмар која ги полни насловниците ова лето.

Бразилецот сакаше да го напушти Париз и да се врати во Барселона, но тоа не се случи. Нејмар така остана игра на францускиот шампион, што не им се допадна на навивачите кои го навредуваа во првиот натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На сите им е јасно дека имаме проблем. Внатрешно, сите се запознати со тоа, ја знаат природата на ситуацијата, знаат дека нешто се случува. Да, Нејмар направи некои грешки, ситуацијата е комплексна, но многу се зборуваше и пишуваше затоа што тоа е Нејмар“, коментриаше Леонардо.

Спортскиот директор на ПСЖ истакна дека ситуацијата не е идеална за Нејмар, кој постигна одличен гол во дресот на ПСЖ по бурното лето.

„Од кога се се случи, играше многу добро за Бразил. Се врати на тренинзите, одлично се однесува. Играше добро и против Стразбур, во тишина. По се, постигна одличен гол, изгледаше холивудски. На крајот од натпреварот беше искрен и добро ги комуницираше работите. Сега е во ПСЖ и само за тоа размислува“, изјави Леонардо.

Бразилецот призна дека имало разговор за заминување и дека Нејмар тоа го барал.

„Не можеме да кажеме дека се е во ред, бидејќи работите се случувале. Но, Нејмар одигра одличен натпревар и се однесуваше како вистински професионалец. Тој не е лошо момче. Тоа што е со нас, не прави посилни. Време е да престанеме да зборуваме за него, треба да разговараме за ПСЖ и само за ПСЖ“, додаде Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…