Дома Трансфер зона Диего Коста пред враќање во Премиер лигата!?

Диего Коста пред враќање во Премиер лигата!?

Бразилскиот фудбалер Диего Коста повеќе од половина година е без клуб откако го напушти Атлетико Минеиро.

Коста минатото лето потпиша за Атлетико Минеиро, но си замина после само половина година на почетокот на јануари. Овој 33-годишен напаѓач се поврзуваше со многу клубови ширум светот, меѓутоа засега е без ангажман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми се објавија дека тој после повеќе од четири години може да се врати во Премиер лигата. Имено, Коста е на мета на Вулверхемптон кој веќе стапил во контакт со искусниот напаѓач. Според информациите спремни се да му понудат договор на една година.

Причината поради која може да го ангажираат Коста е повредата на Саша Калајџиќ на неговото деби, додека Раул Хименез исто така е надвор од терените поради повреда. Коста не играл од минатата година, но во Вулвс сметаат дека може да биде добро засилување во ваква ситуација кога трансфер пазарот е затворен и во опција се само слободните играчи.

Во Бразил за Атлетико Минеиро Коста одигра 19 натпревари и постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …