Дома Трансфер зона Диего Коста незадоволен – веќе побарал трансфер!?

Диего Коста незадоволен – веќе побарал трансфер!?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста наводно е незадоволен од моменталниот статус во клубот и веќе побарал трансфер.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Диего Коста не е задоволен што неговиот соиграч Гризман има неспоредливо поголема плата, а според него не ја заслужува.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гризман годишно заработува неверојатни 25 милиони евра, но само со таков потег Атлетико можеше да го задржи во своите редови Французинот.

Диего Коста кој заработува „само“ 8,5 милиони евра годишно не е задоволен и наводно веќе побарал трансфер од раководството на клубот. Имено, тој е спремен да се пресели во Кина каде ќе заработува огромна сума.

29-годишниот Коста има договор со Атлетико до 2021 година, а „јорганџиите“ се спремни да го пуштат уште во јануари доколку некој клуб понуди повеќе од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…