Поранешниот репрезентативец на Шпанија Диего Коста добил понуда да заигра во италијанската Серија А.
Според информациите на италијанските медиуми Салернитана која се бори за опстанок во Серија А би можела да испрати понуда за Коста. На Салернитана и се потребни играчи кои можат веднаш да помогнат затоа што клубот не се наоѓа во добра ситуација. Коста во последните шест месеци беше дел од Атлетико Минеиро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Коста имал понуда и од Коринтијас, но наводно негова желба е да се врати во Европа и кариерата да ја заврши во најсилните првенства.
Претходно како опција за нападот на Салернитана се поврзуваше и македонскиот напаѓач Илија Несторовски.