Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров со емотивен статус се прости од Македонија! (фото)

Дибиров со емотивен статус се прости од Македонија! (фото)

Тимур Дибиров е еден од играчите со најдолг стаж во Вардар и емотивно ќе го поднесе заминувањето од клубот.

Во пресрет на последниот натпревар на оваа генерација на „црвено-црните“ на домашен терен против ПИК Сегед во Лигата на шампионите, Дибиров со емотивен статус преку Инстаграм се прости од Македонија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Последен натпревар. Фала за се Македонија и Македонци“, напиша Дибиров со фотографија од големото славје на европската титула.

После најавите на сопственикот Самсоненко дека го прекинува финансирањето на клубот, Дибиров изјави дека Вардар и Македонија секогаш ќе ги носи во своето срце.

„Сергеј сигурно има свои причини за ова што се случува, тоа не е наша работа да е мешаме. Тешко ќе ми биде да ја напуштам Македонија. Сигурно тоа ќе биде со солзи. Тука поминав многу убави моменти. Вардар секогаш ќе биде нешто што ќе биде дел од мене“, изјави неодамна Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …