Дома Останати Ракомет Дибиров: Вардар ми помогна мене, сега дојде ред да му вратам!

Дибиров: Вардар ми помогна мене, сега дојде ред да му вратам!

Тимур Дибиров имаше интервју за „7метри“, тој зборуваше на неколку интересни теми, но порача дека сега е време тој да му помогне на Вардар.

Дибиров со сигурност е едно од најдобрите леви крила во историјата, а беше дел од Вардар и во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.

„Сон ми беше да ја освојам Лигата на шампионите. Таму се игра на највисоко ниво и знаев дека ќе биде тешко. Кога ми се оствари тој со не можев да си поверувам, но само јас знам колку дадов за да дојдам до врвот. Ситуацијата е тешка во клубот, меѓутоа Вардар ми помогна мојот сон да стане реалност и затоа сум благодарен. По годините поминати тука останав за да вратам и сега јас да помогнам на Вардар“, изјави Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Никој не може да ми го оспори тоа што го направив за македонскиот ракомет

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е…