Вардар вчера одново ја израдува Македонија и стана европски шампион.
Избраниците на Роберто Гарсија Парондо го победија Веспрем и така во Скопје во ја враќаат титулата после две години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот Тимур Дибиров имаше интервју за „Балкан-Хендбол“.
„Отпишани сме од почетокот од првиот натпревар против Монпеље, така беше се до овој натпревар против Веспрем. Мене искрено ми е жал за Момир Илиќ таков играч заслужи да ја заврши кариерата со титула, тој е фантастичен ракометар и уште поголем човек“.
Потоа тој испрати и порака да останатите ракометари кои не се играчи на Вардар.
„Ова е институција, три години играме во Келн, два пати ја освојуваме титулата. Сега можам да кажам – ако сакаш да ја освоиш титулата дојди во Вардар“, изјави помеѓу другото Дибиров.