Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибирова: Регионалната лига е за уигрување и да пробаме нови работи!

Дибирова: Регионалната лига е за уигрување и да пробаме нови работи!

Ракометарките на Вардар утре и задутре во Љубљана ќе играат на вториот турнир од регионалната ВРХЛ-лига против екипите на Крим и Будуќност.

Дуелите во Љубљана ќе бидат добра подготовка за екипата што ја предводи Ирина Дибирова за продолжување на сезоната во Лигата на шампионите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Нам ни требаат повеќе натпревари да играме. Но, ние секогаш се концентрираме само на нашата игра. Регионалната лига е за уигрување, но треба и да се победува. Тоа се натпревари во кои сакаме да пробаме и нови работи, да се уиграме, но ги задржуваме натпреварувачкиот дух и желбата за победа. На секој меч сакаме да победуваме. Така е секогаш, па и сега во Љубљана“, изјави Дибирова.

Дибирова за натпреварите во Љубљана нема да може да смета единствено на летното засилување, Драгана Цвииќ.

„Имаме неколку повредени играчи. Единствено, Драгана Цвииќ нема да патува поради болест, но сите други ќе патуваат и во зависност од тоа кој колку ќе може да издржи, толку и ќе игра. Треба да ја направиме тактиката и да се обидеме да одиграме на највисоко ниво. Не ми се допаѓа што немаме стабилност и константност во играта. Затоа, треба сите да бидат во форма, а не да чекаме само од оние што се во првиот состав. Треба сите да може да дадат свој придонес во играта. Има играчи што добро играат, но на некои уште им треба темпо и подигање на формата“, додаде Дибирова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…