Пауло Дибала не е задоволен од својот статус во Јувентус и веќе сериозно размислува за промена на средината.
ПСЖ е сериозно заинтересиран за 27-годишниот Аргентинец, но самиот фудбалер сонува да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека агентите на Дибала веќе работат на трансфер и го понудиле Аргентинецот на сите Топ клубови од Премиер лигата.
Аргентинецот на лето ќе влезе во последната година од договорот со Јувентус, па „старата дама“ нема да може да бара повеќе од 40 милиони евра за неговата слобода.
Во 2019 година Дибала беше блиску до трансфер во Премиер лигата, но тогаш ги одби понудите од Манчестер Јунајтед и Тотенхем.