Дома Топ вести Дибала му даде „корпа“ на Интер, се сели во Премиер лигата

Дибала му даде „корпа“ на Интер, се сели во Премиер лигата

Се погласни се шпекулациите дека Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе го напушти италијанскиот шампион Јувентус.

Дибала оваа сезона е во сенка на Кристианто Роналдо, игра под своето ниво, па често натпреварите ги почнува од клупата за резерви.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради тоа се поголеми се шансите да ја напушти „старата дама“ на крајот на сезоната, а во последно време на Апенините се шпекулира за размена помеѓи Дибала и Икарди.

Според италијанските медиуми, Интер се обидел да почне преговори со Јувентус и Дибала, но Аргентинецот не сака да слушне за трансфер во Милано.

Сепак, „бјанконерите“ се решени да го продадат Аргентинецот кој има договор до 2020 година, а во моментов најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да направат респектабилен тим со кој следната сезона ќе ја нападнат титулата во Премиер лигата, па се спремни да потрошат голема сума на засилувања.

Италијанските медиуми тврдат дека Дибала преферира преселба во Премиер лигата и е спремен да му каже „ДА“ на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…