Дома Фудбал Италија Дибала го открива договорот за слободни удари во Јувентус

Дибала го открива договорот за слободни удари во Јувентус

pjanic dybala ronaldo

Паоло Дибала се најде во незгодна ситуација од доаѓањето на Кристиано Роналдо во Јувентус, но сега како полека да се враќа во препознатливата форма.

Неговиот настап во второто коло од Лигата на шампионите кога постигна хет-трик против Јанг Бојс, беше повод за поголемо интервју за „Газета дело Спорт“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од поинтересните теми за кои зборуваше е „договорот за слобдни удари“ во Јувентус кој се премни откако во редовите на Јувентус, пристигна Кристиано Роналдо.

Познато е дека пред доаѓањето на Роналдо, Дибала и Пјаниќ беа задолжени за прекинтие, но ова лето нивниот договор „падна во вода“.

„Минатата година јас и Пјаниќ имавме договор – ако слободниот е повеќе на лева страна шутираше тој, ако е на десна ќе го изведам јас. Кога Роналдо пристигна во

Јувентус му напишав порака на Пјаниќ: Жал ми е, но мислам дека оваа година нема да изведеш многу слободни удари“.

„Шегата на страна, сите знаеме како стојат работите. Кога е слободниот удар на левата страна во зоната на удар шутира Роналдо, ние само стоиме тука и позираме за подобра фотографија. И кај пеналите е јасно – прво Роналдо, па потоа јас и Пјаниќ“, откри Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…