Барселона ја победи Мајорка со 2:1 во 34. коло од шпанската Примера, а после натпреварот една од главните теми беше играчот за врска на Барселона Френки Де Јонг кој ги одигра сите 90 минути во овој натпревар.
Во медиумите во претходниот период се шпекулираше дека Холанѓанецот е незадоволен со улогата и минутажа која ја има кај Чави. Сепак, фудбалерот сето тоа го демантираше.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Разговарав со тренерот, имам доверба во него, а и тој во мене. Па така, тука се е во ред…“, изјави Де Јонг.
Де Јонг сепак е фрустриран од резултатите на клубот оваа сезона.
„Фрустриран сум. Оваа година не бевме добро, но се надевам дека ќе продолжиме да напредуваме и следната сезона се ќе биде поинаку“, изјави 24-годишниот Холанѓанец.
Де Јонг во Барселона пристигна со очекувања да биде еден од најдобрите на својата позиција и носител на играта, но тоа не се случи.