Дома Фудбал Де Јонг се уште не и простил на Барселона

Де Јонг се уште не и простил на Барселона

Продолжувањето на договорот на Френки де Јонг е еден од приоритетите на Барселона во следните месеци.

Спортскиот директор веќе започнал разговори со агентот на холандскиот репрезентативец за да ги договорат условите за продолжување на договорот.

Барселона сака договорот да биде потпишан до крајот на годината, но Де Јонг не брза. „Спорт“ пренесува дека играчот не заборавил како клубот се обидуваше да се ослободи од него минатото лето.

Тогаш Де Јонг одбиваше да замине, а Барса се обидуваше на сите начини да го убеди да замине бидејќи имаше финансиски проблеми.

Де Јонг е задволен во Барселона и сака да остане, но не сака да брза со потпишување на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јулијан Алварез е минато, Јорганџиите започнаа потрага по нов напаѓач

Напаѓачот на Јувентус би можел до крајот на трансферниот рок да се приклучи на Атлетико Ма…