Дома Фудбал Останато Де Јонг за Меси: Кога зборува најдобриот молчиш и слушаш

Де Јонг за Меси: Кога зборува најдобриот молчиш и слушаш

Френки Де Јонг минатата година од Ајакс се пресели во Барселона.

Каталонскиот гигант на Ајакс му плати сума од 75 милиони евра за услугите на 23 годишниот играч за врска и на тој начин Де Јонг го облече дресот на омилениот клуб. Во разговор за „Би-Би-Си“ Де Јонг истакна дека е многу задоволен во Барса, а посебно големо мислење има за Лионел Меси.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За Меси Де Јонг нема дилеми дека е убедливо најдобриот фудбалер во светот.

„Кога Лионел Меси ти зборува и ти дава совет, тоа значи дека добиваш совет од најдобриот играч на светот. Кога тој зборува ти молчиш и слушаш. Некогаш кажува само ситници ои треба да ги направиш, но тие прават разлика“, изјави Де Јонг.

Де Јонг истакна и дека неговиот сон бил да заигра за Барселона, но на почеток немал чувство дека навистина го сакаат.

„Барселона секогаш беше мој сон. Тоа е мојот омилен клуб надвор од Холандија. На почетокот немав чувство дека навистина ме сакаат. Сепак, кога дојдоа по мене ми го олеснија изборот. Беше тоа лесна одлука“, истакна младиот фудбалер.

Холанѓанецот откри и дека имал понуди уште ПСЖ и Манчестер Сити меѓутоа тој не се кае што ја избрал Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…