Дома Фудбал Италија Де Роси после 18 години ја напушта Рома

Де Роси после 18 години ја напушта Рома

Даниеле Де Роси целата досегашна кариера ја помина во дресот на Рома, иако своевремено имаше многу понуди од европските великани, но поради љубов спрема клубот не го напушти Олимпико.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Де Роси е дете на Рома и покрај Франческо Тоти сигурно е еден од главните заштитници на римскиот клуб. Овој 35-годишен фудбалер за Рома дебитираше како тинејџер и од тогаш израсна во првотимец на овој клуб.

Иако во најдобрите денови имаше голем број понуди од европските великани одлучи да остане во Рома. Најголем интерес за него имаше Манчестер Јунајтед кој неколку пати испрати понуда за него, но Де Роси не сакаше ни да слушне за тоа.

Неговиот договор со Волчицата истекува на крајот на сезоната, а денеска клубот соопшти дека истиот нема да биде продолжен и Де Роси после 18 години ќе ја напушти Рома.

Во 18 сезони за Рома овој искусен играч одигра 615 натпревари, постигна 63 погодоци и запиша 54 асистенции. Во дресот на Рома освои три трофеи, два Куп на Италија и еден трофеј на италијанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…