Дома Трансфер зона Де Роси: Можев да одам во Кина и да заработам многу пари, но го слушав срцето

Де Роси: Можев да одам во Кина и да заработам многу пари, но го слушав срцето

Искусниот италијански фудбалер, Даниеле Де Роси пред неколку недели потпиша за Бока Јуниорс.

Де Роси целата своја кариера ја помина во дресот на Рома, но откако минатата сезона не доби нов договор одлучи кариерата да ја продолжи во Аргентина и тоа во дресот на Бока Јуниорс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 36 годишен играч за врска ги изненади сите со својата одлука да потпише за Бока бидејќи имаше неколку други понуди од Европа и Кина. Но, тој сега порача дека го слушал своето срце и затоа го избрал легендарниот аргентински клуб.

„Ова беа и тоа како возбудливи три недели. Многу сум среќен што сум дочекан на незборавен начин. Да се игра на „Ла Бонбоњера“ за мене е исполнување на сонот. Бока секогаш беше единствениот клуб во кој сакав да играм после Рома“.

„Имав понуда од Кина каде што можев да заработам многу пари, но тогаш се прашав што навистина сакам. Сакам да бидам среќен и возбуден кога ќе излезам на терен и покрај Рома Бока е единственото место каде што можам да се чуствувам толку среќно“, изјави Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…