Дома Трансфер зона Де Роси добил понуда која ќе го убеди да не оди во пензија

Де Роси добил понуда која ќе го убеди да не оди во пензија

Иконата на Рома, Даниеле Де Роси (36) можеби и ќе се премисли кога во прашање е пензионирањето бидејќи ветеранот добил понуда од аргентинскиот гигант, Бока Јуниорс пренесуваат аргентинските и италијанските медиуми.

Познато е дека неостварена желба на Де Роси е да го облече дресот на клубот од „Бонбоњера“ и можеби тоа ќе му се оствари затоа што има можност да потпише договор со Бока на шест месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После истекот на договорот со Рома Де Роси не доби понудата истиот да го продолжи и поради тоа се најавуваше негово одење во пензија, меѓутоа како што стојат работите Де Роси веројатно ќе одлучи да соработува со поранешниот соиграч од Рома, Николас Бурдисо кој сега е директор во Бока.

Дека Де Роси не треба да оди во пензија смета Дамијано Томаси, претседател на синдикатот на фудбалери во Серија А.

„Де Роси не би требало да препушти одлуката да се пензионира да ја донесе некој друг, бидејќи тој најдобро знае колкава страст има за овој спорт, постојат клубови кои сакаат да го доведат“, изјави Томаси, алудријаќи на понудата од Бока.

„Постојат играчи кои се поголеми од дресот кои го носат, а Де Роси не смее да си дозволи Рома да го ограничи. Што повеќе, тој е освојувач на Мундијалот со Италија“, заврши Томаси.

Де Роси целата своја кариера ја помина во Рома, од 2001 до 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…