Дома Фудбал Италија Де Роси: Добив 500 пораки, помеѓу нив можеби има и некоја понуда

Де Роси: Добив 500 пораки, помеѓу нив можеби има и некоја понуда

Даниеле Де Роси на крајот од сезоната ќе ја напушти Рома.

Де Роси е вистинска икона на Рома за која одигра 615 натпревари во текот на 18 сезони и постигна 63 голови и запиша 54 асистенции. Во дресот на „волчицата“ освои три трофеи, два Купа на Италија и еден Суперкупт на оваа земја.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Вчера ми беше кажано дека мојот договор нема да биде продолжен. Оваа сезона полнам 36 години, не сум глупав. Живееме во светот на фудбалот каде што се е јасно ако вас никој не ве повика да разговарате за нов договор. Не сме разговарале. Имав чуство дека ова ќе се случи на крајот од сезоната“, изјави Де Роси и додаде.

„Последниот пат кога потпишав договор на две години беше денот кога Ди Франческо се повлече. Не сакав ништо да зборувам за да не создадам лош амбиент и лоша слика. Постои меѓусебна почит, но чуствував дека можеби можам да продолжам да играм“.

„Не сум разговарал со други клубови. До натпреварот против Џенова бев убеден во Лигата на шампионите и не сакав на никого да му пречам. Добив 500 пораки, можеби помеѓу нив има и некоја понуда. И понатаму се чуствувам како фудбалер и би погрешил ако донесам одлука да престанам да играм“, изјави Де Роси.

Каде понатаму?

„Не знам дали ќе останам во Италија или ќе одам во друга земја. Морам да разговарам со мојот агент…Ќе се советувам и ќе видиме што понатаму. Директорска позиција во Рома? Тоа сега не ме привлекува“, заврши Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…