Како што сега стои ситуацијата во Италија ќе се води голема борба за шампионската титула.
Само неколку бодови е разликата помеѓу Наполи, Интер и Јувентус, но и Рома која е четврта е многу блиску.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Италијаните сериозни претендираат и во Лигата на шампионите. Иако Рома сеуште е во натпреварувањето, сепак тимот од кој најмногу се очекува во Европа е Јувентус.
Поради својот голем пријател, Џанлуиџи Буфон, Даниеле Де Роси му посака среќа на Јувентус во ова натпреварување.
Но, постои услов…
„Мислам дека ова е последна сезона за Буфон и би било убаво да ја заврши со трофеј во Лигата на шампионите. Но, се додека ние сме во ова натпреварување нема да навивам за Јувентус. Доколку ми понудите договор според кој Рома би била шампион на Италија, а Јувентус во Европа, веднаш би го потпишал“, изјави Де Роси.