Дома Фудбал Де Лихт: Не читам што се пишува, сега одиграв добар натпревар

Де Лихт: Не читам што се пишува, сега одиграв добар натпревар

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Лихт изјави дека не го интересираат премногу критиките од италијанската јавност.

Де Лихт во Јувентус пристигна во текот на летото за 86 милион иевра и тоа после долга трансфер сага и откако сите го видоа во дресот на Барселона.

Со првите настапи Холанѓанецот не ги оправда очекувањата. Критиките на негова сметка беа се поголеми, но како што изјави Де Лихт со тоа се носи добро.

„Искрено не читам што медиумите пишуваат. Сега против Локомотив мислам дека одиграв добар натпревар. Бев цврст, стабилен и не грешев многу. Локомотив скоро и да немаше шут на нашиот гол“, изјави Де Лихт.

Неодамна во одбрана на Де Лихт застана Марчело Липи кој порача дека во квалитетот на Де Лихт не треба да се сомнева и потсети на тоа дека и еден Зидан имал проблеми кога дошол во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест победи во Баку, но младите македонски фудбалери останаа на 113. место

Македонија У15 го заврши експерименталниот турнир на ФИФА со шест победи на десет натпрева…