Maтијас Де Лихт кој некогаш беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот би можел повторно да биде ѕвезда на преодниот рок. Засега според информациите од Италија преговорите со Јувентус за нов договор не одат во добра насока, а тоа би можеле да го искористат премиерлигашите.
Холанѓанецот има договор со Јувентус на уште две години и откупна клаузула од 120 милиони евра. Бидејќи се уште не е постигнат договор за продолжување на соработката се отвораат опции за трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Старата дама“ сака да го обезбеди 22-годишниот дефанзивец, но прашање е дали сака да ризикува да не потпише нов договор и да влезе во последната година од сегашниот? Особено затоа што има клубови кои внимателно ја следат ситуацијата.
На прво место е Манчестер Јунајтед. Ова не е чудно, бидејќи стоперот во Манчестер Јунајтед повторно би сорботувал со Ерик Тен Хаг со кого соработуваше во Ајакс. Покрај Јунајтед наводно е и Челзи.