Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт е едно од најжешките имиња на трансфер пазатот ова лето.
За него силен инетрес покажуваат многу европски гиганти, а последните информации се дека Барселона веќе има договор со Ајакс за трансфер вреден 75 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
19-годишниот дефанзивец призна дека двата клуба имаат договор, но тој се уште размислува и нема донесено конечна одлука каде да ја продолжи кариерата.
„Морам добро да размислам и да одлучам дали е време за трансфер во Барселона. Сакам да играм, а не да бидам на клупата. За време на одморот ќе имам време да размислам и да донесам конечна одлука. За мене е најважно во новиот клуб да имам важна улога“, истакна Де Лихт.
Де Лихт сака да го продолжи развојот и гаранција дека ќе има голема минутажа, а Барселона веќе ги има Жерар Пике, Самуел Умтити и Ленгле.
„Да, Барселона има одлични дефанзивци, но мене не ме плаши конкуренцијата. Логично и нормално е во голем клуб да има голема конкуренција“, додаде 19-годишниот Холанѓанец.