Шпанија по четврти пат во својата историја стана Европски шампион. „Црвената Фурија“ во финалето во Берлин беше подобра од Англија со 2:1.
Поставувањето на Де Ла Фуенте за селектор во 2023 година се покажа како полн погодок. Од тој момент Шпанија со него на клупата во 23 натпревари стигна до 20 победи, едно реми и два порази (вклучувајќи ги и пеналите како победи).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходно тој работеше како селектор на репрезентациите до 19 и 21 година и со двете го освојуваше Европското првенство, а со сениорите сега го освои вториот трофеј откако минатото лето беше победник во Лигата на Нации.
Поради тоа што му оди одлично по финалето се појави изненандувачка вест. Имено, реномираниот „Вашингтон пост“ пишува дека Де Ла Фуенте е заинтересиран да ја преземе репрезентацијата на САД.
„Претставници на САД го контактираа Де Ла Фуенте откако селекторот Грег Берхалтер беше отпуштен минатата недела. Нивниот разговор поминал позтивно и Де Ла Фуенте изразил заинтересираност за работата“, пишува „Вашингтон пост“.
Навистина е тешко да се поверува во ваквата најава, но останува да видиме што ќе се случува.