Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за „Раи“ зборуваше после вчерашната победа на неговиот во финалето од Копа Италија против Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Де Лаурентис секако беше задоволен после освојувањето на Купот на Италија кој за клубот е прв по 2014 година.
„Се радуваме повеќе на овој триумф затоа што многу работи се променија со доаѓањето на Гатузо. Тој успеа да ги сплоти сите фудбалери и да ја пренесе својата идеја за фудбал, резултатот можевме сите да го видиме. Наполи е единствениот тим кој може да му застане на патот на Јувентус. Ги победивме во Купот, ги победивме во Суперкупот, ќе бидам среќен ако тоа се случи и во трката за Скуедото. Можеби не оваа година, меѓутоа очекувам тоа да го направиме веќе во наредната. Не треба да заборавиме дека ја имаме и Лигата на шампионите каде што сонуваме да направиме големи работи“, изјави Де Лаурентис.