Во моментите кога Реал Мадрид го претставува Килијан Мбапе, во Париз размислуваат за замена на францускиот голгетер, а сега се појави информација дека газдите на ПСЖ подготвуваат голема понуда двајца фудбалери на Наполи.
Медиумите пренесуваат дека ПСЖ е спремен да понуди 202 милиони евра за да се обидат да ги доведат Квича Кварацхелија и Виктор Осимен
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Осимен во редовите на Наполи пристигна во 2020 година од Лил за 77 и пол милиони евра, а претходно играше за Шарлроа, Волфсбург и Ултимејт Страјкерс во својата родна Нигерија. Токму тој беше еден од најважните во тимот на Наполи кога во Неапол ја освоија титулата во 2023 година, но изминатата сезона како и целиот негов тим не беше на исто ниво.
Грузиецот Кварацхелија беше купен од клуб од југот на Италија за 13,3 милиони евра од Динамо Батуми, па така кога ќе се соберат сумите би добиле двојно повеќе од тоа што го платиле.
Но, Де Лаурентис е тежок преговарач, па ќе видиме како се ќе се одвива. Инаку, веќе се шпекулира и дека Ромелу Лукаку би можел да пристигне во Наполи, ако Осимен замине.