Дома Фудбал „Де Зерби е подобар тренер од Гвардиола“

„Де Зерби е подобар тренер од Гвардиола“

Поранешната ѕвезда на Милан, Кевин Принц Боатенг со интересно тврдење ја разбранува фудбалската јавност.

Боатенг кој е некогашен член на Милан, Барселона, Тотенхем, Шалке и други клубови тврди дека Де Зерби е подобар тренер од Гвардиола.

Италијанецот со голем успех го води Брајтон и е хит во Премиер лигата.

„Да го имав Де Зерби пред 10-12 години, фудбалот ќе беше поинаков. Мислам дека тој ќе биде најдобриот тренер во следните 20-30 години. Тој го подобри секој играч со коги работеше, од голман до напаѓачот. Работев со него кога имав 32 години и се чувствував посилен од кога и да е“.

„Де Зерби прави да се чувствуваш навистина вклучен, знаеше како да ме заштити кога беше потребно, да ме мотивира кога ми требаше. Според мене тој е подобар од Гвардиола“, изјави Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи притиска за Скот: Борнмут бара повеќе од 100 милиони фунти!

Лондонскиот клуб ги обновил разговорите за Алекс Скот и верува дека може да го доведе во ј…