Некогаш еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, Давид Де Геа се уште нема клуб иако поминаа седум месеци од неговото заминување од Манчестер Јунајтед.
Де Геа имаше многу понуди, се шпекулираше со много клубови, но Шпанецот се уште е без ангажман и е слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните информации се дека Де Геа е пред преселба во Саудиска Арабија и ќе потпише за Ал Шабаб.
Де Геа се поврзуваше и со Ал Наср чиј член е Кристијано Роналдо, но тогаш неговата сопруга не се согласуваше со преселба во Саудиска Арабија.
Сега Шпанецот донел конечна одлука и се согласил да стави потпис на договор со Ал Шабаб.
💣💥 ❗ 🆓 🇪🇸 ❗
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) January 28, 2024
Former Manchester United goalkeeper and free agent David de Gea is in talks with Saudi Pro League side Al-Shabab. pic.twitter.com/OgMC8NPI8q