Синоќа на свечена церемонија која ја организираше Манчестер Јунајтед, беа доделени неколку клупски награди, а за играч на сезоната беше избран голманот Давид де Геа.
Де Геа и оваа сезона брлјираше на голот на Јунајтед, па заслужено ја доби наградата и тоа по четврти пат. Претходно беше избиран за најдобар во сезоните 2014, 2015 и 2016 со што го надмина рекордот на Роналдо кој има три награди.
Ladies and gentlemen… your Sir Matt Busby Player of the Year, presented by @adidasfootball, is: @D_DeGea!
Congratulations, David – richly deserved! ?#MUFCPOTY pic.twitter.com/OmkZtfY89X
— Manchester United (@ManUtd) May 1, 2018
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, големо изненадување беше гласањето на Жозе Мурињо, кој гласот го даде за младиот Мектомини и изјави дека се двоумел помеѓу него и Немања Матиќ.
„Мислам дека сонот на секое момче кое пристигнува во клубот е да игра за првиот тим. Кога тоа ќе го реализира потоа сонува да игра во големи натпревари и во ЛШ. Мектомини го постигна сето тоа за пет или шест месеци, па поради тоа тој е мојот избор за фудбалер на годината“, изјави Мурињо.