Поранешниот тренер на Ајакс и Интер, Франк Де Бур изјави дека е „жално“ Маркус Рашфорд да игра за Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо.
Де Бур беше гостин на „BT Sport“ по дербито меѓу Јунајтед и Ливерпул, и го критикуваше Мурињо за неговиот однос со Рашфорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Жално е што тренер му е Мурињо, бидејќи во спротивно како Англичанец тој треба да добива време на теренот и да има право на грешки. Но кај Мурињо нема такво нешто. Тој сака резултати“, смета Де Бур.
„Еден или два послаби натпревари и си во аут. Но Рашфорд треба да игра, тој е млад и полн со талент. Сакам да го гледам секој викенд“, додаде Холанѓанецот.