Минатиот викенд Манчестер Јунајтед го пречека Манчестер Сити во градското дерби и натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога автогол си постигна Баји, а мрежата на Јунајтед ја погоди и Бернардо Силва.
Во продолжението „црвените ѓаволи“ беа немоќни да се вратат во игра, а упатија и само еден удар во рамките од голот. Сега Кевин Де Брујн за медиумите откри дека тренингот пред дербито со Јунајтед траел само десетина минути.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Еден ден пред натпревар вообичаено работиме на тактиката во зависност од тоа како игра противникот. Пред натпреварот против Манчестер Јунајтед беше поинаку. Пеп дојде и ни кажа: Не знам како ќе играат, ќе видиме утре. И после 10 минути го прекинавме тренингот. Вообичаено Пеп знае како ќе игра противникот, овој пат не знаеше, па затоа не можеше да се одлучи. Излеговме ја игравме нашата игра и не знаевме дали Јунајтед ќе игра со петмина или со четворица во одбраната“, изјави Де Брујн.