Манчестер Сити и оваа сезона нема да игра финале во ЛШ. Граѓаните беа елиминирани од Лион. Французите во четвртфиналето славеа со 3:1.
Кевин Де Брујне испадна голем и во тешкиот пораз. Белгијанецот поради елиминацијата не сакаше да го обвини ВАР за некои одлуки туку едвај чекаше да се врати дома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова беше неверојатна сезона која ја завршивме со пораз од Лион. Но, секако морам да одам дома, жена ми е трудна, па моментално само на тоа мислам, на ништо друго.“ – рече Де Брујне.
„Почнавме споро и слабо. За среќа, во вториот дел почнавме да играме подобро, се вративме на 1:1 и се чинеше дека ќе постигнеме втор погодок. Но, примивме два гола и штета е што испаднавме на таков начин.“
„Не видов никакви сомнителни ситуации, па нема на тоа да се вадам. Стрелинг требаше да погоди за 2:2, тогаш веројатно ќе поминевме. Но, тоа е фудбалот, некогаш милиметри го одлучуваат победникот.“ – додаде Де Брујне.
"Different year, same stuff."
— Football on BT Sport #Club2020 (@btsportfootball) August 15, 2020
Kevin de Bruyne is left to lament another disappointing exit from the Champions League for Manchester City.
? @TheDesKelly | #Club2020 pic.twitter.com/VGw6xQHqim