Дома Трансфер зона „Дејли Мејл“: Манчестер Јунајтед го сака Канте!

„Дејли Мејл“: Манчестер Јунајтед го сака Канте!

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, го посочил Н’Голо Канте како една од главните цели за засилување во средниот ред, пишува „Дејли Мејл“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


31-годишникот е познат како еден од најдобрите фудбалери на својата позиција и сигурно би бил значајно засилување во овој тежок период за „црвените ѓаволи“.

Французинот е во Англија од 2015 година. Тој експлодираше во дресот на Лестер со кој на изненадување на сите ја освои и Премиер лигата. Во Челзи пристигна пред шест години за 50 милиони евра. На „Стенфрод Бриџ“ стана еден од главните играчи во тимот и еден од најзаслужните за освојувањето на минатогодишната Лига на шампиони.

Сезонава исто така играше стандардно со што собра 40 настапи во сите натпреварувања. Успеа да постигне и два гола и да додаде четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…