Дома Фудбал Дејвид Мојс пред враќање во Премиер лигата!

Дејвид Мојс пред враќање во Премиер лигата!

Шкотот би можел да добие нова прилика.

Тимот на Саутемптон утрово објави дека Марк Хјуз добил отказ и дека клубот ќе пронајде ново решение во најкраток можен рок.

До тогаш тренер на тимот ќе биде асистентот кој ќе го води тимот и на гостувањето против Тотенхем во среда.

Веднаш се појавија неколку имиња, но како фаворит се издвојува името на Дејвид Мојс.

Шкотот измината сезона го водеше Вест Хем кој успеа да го спаси од испаѓање во тежок момент, па во Саутемптон наводно веруваат дека истото може да го направи и со нивниот клуб.

Наводно поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед нема ништо против тоа да го превземе тимот кој се бори за опстанок во најсилната англиска конкуренција, пренесува „Скај Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Славеа титула на теренот, но Бока им го одзеде пехарот во 96. минута!

Навивачите на Росарио Сентрал прерано почнаа шампионска прослава. Енер Валенсија погоди во…