Дома Фудбал Англија Дејвид Бекам со моќен конзорциум застанува на чело на Манчестер Јунајтед?

Дејвид Бекам со моќен конзорциум застанува на чело на Манчестер Јунајтед?

Семејството Глејзерс и официјално објави дека Манчестер Јунајтед е ставен на продажба, па веќе се споменуваат можните нови сопственци, а еден од нив е Дејвид Бекам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите пренесуваат дека Бекам е расположен да го преземе англискиот гигант и веќе им се доверил на своите пријатели. Бекам како ултракомерцијален лик би требало да ги привлече заинтересираните да инвестираат на „Олд Трафорд“. Почетната цена за преземање на Манчестер Јунајтед е пет милијарди фунти.

До овој момент не е познато кој моќен конзорциум ќе го предводи Бекам. Претходно се пишуваше дека за Јунајтед се интересира саудискиот ПИФ. Саудијците нудеа и шест милијарди фунти, меѓутоа тогаш Глејзери не беа расположени за продажба.

Сега со Бекам нема да биде изненадување ако се појават инвеститори од САД каде што живее англиската фудбалска легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…