Дома Фудбал Дејан Станковиќ седнува на клупата на Црвена Звезда?

Дејан Станковиќ седнува на клупата на Црвена Звезда?

Еден од најголемите кандидати за тренер на Црвена Звезда би можел да биде Дејан Станковиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доколку дојде до раскинување на соработката меѓу српскиот шампион и Владан Милојевиќ, српските медиуми пишуваат дека Станковиќ би можел да стане сериозен кандидат за тренер на Звезда.

До крајот на неделава ќе се знае што ќе се случи со Милојевиќ, а поранешниот играч на Интер со нетрпение го чека развојот на ситуацијата.

Поранешниот капитен на српската репрезентација планира да започне сериозна тренерска кариера. Тој беше асистент во Удинезе пред четири години и поседува про лиценца.

Тој играше за Црвена Звезда од 1994 до 1998 година, по што замина во Италија каде играше за Лацио и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Единсон Кавани го раскина договорот со Бока Јуниорс

Поранешниот фудбалер на Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија, Еди…