Дома Македонски спорт Дејан Богданов избран за нов претседател на БФРСМ

Дејан Богданов избран за нов претседател на БФРСМ

Денес се одржа Редовно Изборно Собрание на Боречката Федерација на Република Северна Македонија, за нов претседател на БФРСМ е назначен Дејан Богданов.

Избран е и нов УО на Федерацијата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


НА СОБРАНИЕТО ОД 25 ДЕЛЕГАТИ ПРИСУСТВУВАЛЕ  16. ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ Е ИЗБРАН ИМЕР КАДРИОВСКИ, БИЗНИСМЕН, ВО УО  НА ФЕДЕРАЦИЈАТА Е ИЗБРАН САФЕТ АЛИ,  ПРЕТСТАВНИК НА  БАЛКАНЕЦ!

Биографија на Дејан Богданов- претседател на БФРСМ                                               

Дејан Богданов e роден на 19.08.1986 година  во Штип и е член на  БК Балканец 2008-од Штип.

Тој е еден од најголемите македонски таленти во поново време и беше потенцијален кандидат за Олимписките игри во 2008 и во 2012 година.

Постигнати спортски резултати

Европско Првенство за Кадети-второ и трето место 2002 и 2003 година

Европско Првенство за ЈУНИОРИ- 1-Второ и 2 трети места  2006 година

Медитеранските игри –второ место во Мерсин во 2013 година.

Европско Првенство за Сениори- 5то место-2006 и 2010  во Москва и Баку.

Светското првенство  за Сениори –8мо местово Пекинг.

,,Македонски Бисер”победник 6 пати(2007,2008,2009,2010,2013,2015)

Државен првак -7 пати(2005,2006,2007,2010,2011,2013,2014)

Во претходните 4 години ја вршеше функцијата заменик претседател на БФРСМ и е член на Управен Одбор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …