Дома Фудбал Дешамп: Бензема донесе победнички менталитет

Дешамп: Бензема донесе победнички менталитет

Франција го освои трофејот во Лига на нации откако ја совлада Шпанија со 2-1, а селекторот Дидие Дешамп не ја криеше радоста.

Дешамп особено го пофали Карим Бензема и истакна дека донел победнички менталитет во репрезентацијата.

„Многу сум горд. Имаме одличен тим и вистински менталитет. Бензема е еден од нашите најдобри фудаблери и тој беше одличен во двата натпревари. Има желба за победа, која ја пренесува на другите играчи. Ни треба таков фудбалер за да остваруваме победи во големи натпревари“, истакна Дешамп.

Бензема неодамна се врати во репрезентацијата на Франција и покажува фантастични натпревари. Тој беше еден од најзаслужните за триумфот во Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите негодуваа за цените, ФИФА инкасирала пет милијарди од билети!

„Тајмс“ објави дека билетите за Мундијалот 2026 ѝ донеле на ФИФА над петпати повеќе приход…