Зинедин Зидан конечно доби добри вест. Еден Азар ќе биде спремен да дебитира за Реал Мадрид во домашното првенство во натпреварот против Леванте.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Белгискиот фудбалер поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари со репрезентациите на Сан Марино и Шкотска во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Сепак, после репрезентативната пауза Азар ќе биде спремен да игра против Леванте.
Азар се појавил на тренингот на Реал во петокот (и тренирал индивидуално), но во натпреварот против Виљареал минатиот викенд не се најде ни на клупата.
Изгледа дека Мадрид ќе мора да се стрпи уште малку за конечно да го дочека првиот официјален настап на Азар во белиот дрес.
Реал против Леванте ќе игра на 14-ти септември.