Милан веќе работи на засилувања за следната сезона, а италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите со играчот на Наполи се во напредна фаза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за десниот бек Елсеид Хисај, на кого договорот со Наполи му истекува на крајот на сезоната.
Албанскиот репрезентативец може да преговара со заинтересираните клубови, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е најблиску до неговиот потпис.
„Росонерите“ на десната бековска позиција го имаат Калабрија, и сметаат дека Хисај ќе биде одлична алтернатива за Италијанецот.
Далот на крајот на сезоната ќе се врати во Манчестер Јунајтед, а Хисај би требало да биде негова замена.