Дома Трансфер зона Деулофеу сака да се врати во Милан

Деулофеу сака да се врати во Милан

Крилниот напаѓач на Ватфорд, Жерард Лулофеу сака повторно да се врати на „Сан Сиро“ и да го облече дресот на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред една година бившото раководство на „росонерите“ го стопира перманентниот трансфер на Деулофеу, кој се врати во Барселона, но само после шест месеци се пресели во Премиер лигата.

Италијанските медиуми тврдат дека Шпанецот повторно сака да се врати во Милан и преку својот агент му се понудил на италијанскиот клуб.

Деулофеу има договор со англискиот клуб до 2020 година, но не е среќен и сака да ја промени средината, а негов прв избор е токму Милан.

Шпанецот оваа сезона запиша само шест настапи за Ватфорд на кој постигна еден гол и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…