Шамс Шарани ги објави деталите од новиот договор кој Кавај Ленард го потпишал со Лос Анџелес Клиперс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот кошаркар ќе остане во Клиперс уште три години, а притоа ќе заработи неверојатни 152,4 милиони долари.
Ленард пристигна во Лос Анџелес во 2019 година, откако претходно во кариерата играше за Сан Антонио и Торонто.
Оваа сезона тој настапи на 32 меча во НБА-лигата, а во просек постигнува по 23,8 поени, 6,1 скокови и 3,4 асистенции по натпревар.