Дома Трансфер зона Деталите полека „испливуваат на површина“: Ди Марија можел во Барса, еве каде бил проблемот!

Деталите полека „испливуваат на површина“: Ди Марија можел во Барса, еве каде бил проблемот!

barca fans

И по завршувањето на трансфер периодот во јавноста продолжуваат да излегуваат детали за некои од трансферите кои не беа реализирани.

Францускиот медиум „Л’Eкип“ открива дека Барселона испратила понуда од 45 милиони евра, плус бонуси за услугите на Анхел Ди Мариј, но од ПСЖ сакале фиксни 60 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој извор тврди дека последната понуда на Барселона изнесувала 45 милиони, плус пет преку бонуси, но тоа не било доволно за трансфер на Аргентинецот кој на крајот сепак остана во Париз.

Барселона во финишот од преодниот рок не успеа да заврши неколку големи трансфери, бидејќи како што е познато им пропаднаа трансферите на Жан Мишел Сери и Фелипе Кутињо.

Останува да видиме дали Каталонците ќе имаат повеќе среќа во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…