Дома Македонски спорт Десет причини зошто Вардар може да стане европски шампион!

Десет причини зошто Вардар може да стане европски шампион!

Maкедонската спортска јавност со нетрпение го очекува фајнлфор турнирот во Келн каде што одново ќе игра нашиот Вардар.

Вардар шампион на Европа стана во 2017 година, а сега црвено-црните ќе се обидат одново да ја израдуваат Македонија со трофеј во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред почетокот на сезоната ретко кој веруваше дека Вардар после големите промени може да се бори за трофејот, но црвено-црните ги оставија сите проблеми на страна и машки се бореа на теренот за да стигнат таму каде што се денес.

ЕХФ верува дека Вардар може одново да ја освои европската круна и денес на својот сајт објави десет причини поради кои Вардар би можел да ја освои титулата.

ФОРМАТОТ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ.

Вардар играјќи во СЕХА лигата е навикнат на фајнлфор турнири и играчите знаат како да се соочат со притисокот во вакви натпревари. Црвено-црните ја освоија СЕХА лигата пет пати што е повеќе од било кој друг тим.

ТИМУР ДИБИРОВ

Дибиров е една од најсилните страни на Вардар. Познат е по крадењето топки, а ги изведува и едни од најдобрите „спин-удари“.

ИСТОРИЈАТА

Вардар во 2017 година во Келн дојде како аутсајдер бидејќи противник во полуфиналето им беше Барселона, но тие го совладаа шпанскиот гигант. Сега Вардар повторно игра против Барселона во полуфиналето.

ВЛИЈАНИЕТО НА РАУЛ ГОНЗАЛЕС

Голем дел од ракометарите заминаа пред почетокот она оваа сезона, а со нив си замина и Раул Гонзалез. Гонзалез не е во тимот, но секако дека има големо влијание за формирањето на ваков Вардар.

СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ

Тој е повеќе од само капитен на тимот. Стоилов е лидер помеѓу борците, никогаш не се откажува и се труди максимално да ги мотивира соиграчите.

РОБЕРТО ГАРСИЈА ПАРОНДО

Парондо очигледно знаеше каде застана Гонзалез и продолжи по тој пат. Иако ги изгуби Штербик, Циндриќ, Македа и Канељас тој од ракометарите кои ги имаше на располагање создаде еден силен тим.

ДЕЈАН МИЛОСАВЉЕВ

Голманот е многу важен во секој ракометен тим. Вардар има фантастичен голман кој достојно го замени Штербик. Келн и фајнлфор турнирот ќе биде врв на кариерата на Милосављев и сигурно дека ќе биде максимално мотивиран да се покаже во најдобро светло.

НАВИВАЧИТЕ

Ракометарите кои беа дел од тимот на Вардар кој во 2017 година стана европски шампион сигурно дека сакаат повторно да бидат пречекани како национални херои и да се радуваат на шампионскиот трофеј.

ИГОР КАРАЧИЌ

Карачиќ сигурно сака да си замине со нова титулата и тој ќе биде важен дел од тимот на Парондо во Келн. Ако ги има неговите голвои и асистенции тоа ќе биде од голема помош на тимот.

НЕСИГУРНАТА ИДНИНА НА КЛУБОТ

Вардар ќе продолжи, но дали одново ќе имаат прилика да играат за трофеј на еден фајнлфор турнир тоа никој не може да го знае. Токму тоа сигурно ќе биде дополнителен мотив за сите играчи на тимот да излезат и да се борат за трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…